Која е Мирка, сопругата на Роџер Федерер, која што беше верена за султан и предмет на потсмев, а сега почитувана од сите?

Од:

Мирослава Mирка Вавринец не успеа да направи завидна тениска кариера, но успеа да го освои Роџер Федерер и стана мајка на четири деца.

Мирка долго беше на мета на критики на медиумите. Ѝ замеруваа дека е дебела и дека не изгледа како сопруга на врвен спортист. Меѓутоа, токму поради тоа што излегува од клишето, што изгледа скромно и не се експонира, луѓето го менуваат мислењето за неа.

Таа неодамна објави фотографија со сопругата на Новак Ѓоковиќ, Јелена, поради што доби позитивни коментари и пофалби дека е ослабена.

Мирослава Вавринец е родена во Бојнице, поранешна Чехословачка на 1 април 1978 година, а нејзиното семејство се преселило во Швајцарија кога имала 2 години.

Била талентирана тенисерка. Почнала да тренира од 9 години, а најголем успех ѝ е 76. позиција на ВТА листата. Мачела мака со повреди.

Со Федерер се запознала во 2000 година на Олимписките игри во Сиднеј. Нивната венчавка се одржа во 2009 година со приватна церемонија во Базел.

Роџер и Мирка Федерер на свадбата на Пипа Мидлтон и Џејмс Матјус

Пред бракот со Роџер, Мирка била верена за султан.

Нивната врска се обидуваат да ја чуваат далеку од очите на јавноста и досега немале ниту една афера.

Медиумите пишуваа дека Роџер своевремено се скарал со Вавринка поради Мирка.

Мирка и Роџер имаат четири деца, близнаците Мила и Шарлен, како и синовите Лео и Ленарт.

Би можело да ве интересира

Мирка Федерер се „стопи“, никогаш не била послаба

Не ја препознаа: Драстична промена на Мирка Федерер

Предраг Петровиќ