МЕР: Ќе бараме мерки против вработениот кој несоодветно се однесувал кон граѓанските здруженија на Водно

Од:

Од АД Македонски енергетски ресурси соопштија дека ќе бараат соодветни мерки против вработениот кој предизвика инцидент на Водно. Од компанијата исто така кажуваат оти се отворени за дебата со граѓанските здруженија и сите засегнати страни.

„Би сакале да Ве информираме дека Акционерското друштво за вршење енергетски дејности МАКЕДОНСКИ ЕНЕРГЕТСКИ РЕСУРСИ Скопје во државна сопственост, од изведувачите на градежните работи на Водно побара да преземат соодветни мерки против вработениот за неговото несоодветно однесување кон претставници на граѓанските здруженија.

Потенцираме дека МЕР АД Скопје, постојано ги следи реакциите на граѓаните и ги презема сите мерки, со цел да не се повторат вакви или слични инциденти при реализација на проектот за гасификација на Република Македонија.

Исто така, Ве информираме дека, како и досега, МЕР АД Скопје и натаму останува отворен за дебата со граѓанските здруженија и со сите засегнати страни, со цел заеднички да најдеме соодветно решение кое ќе биде во интерес на сите, а кое нема да ја одложи реализацијата на проектот за гасификација на земјата – проект кој е еколошки и кој ќе има сериозен позитивен ефект за животната средина“ се вели во соопштението на МЕР.

Би можело да ве интересира

МЕР: Гасоводот на Водно ќе има минимално влијание врз екосистемот на Водно и скоро никакво врз воздухот во Скопје

Наум Локоски

Влада: МЕР да продолжи со изградбата на гасоводот низ Водно

Наум Локоски