Двете модни дизајнерки Русана Ѓурчевска и Хасибе Туша за првпат беа избрани да ја преставуваат Македонија во едукативната работилница организирана од француската „Fashion Fedeation“ .
Работилницата, во два наврати во месец јуни и јули, се одржува во Париз каде што повеќе од сто светски професионални дизајнери ќе имаат можност да ги учат вештините на познати светски мајстори во модата.
Работилницата се фокусира на моделирање на облека за повеќе возрасти нудејќи им на студентите настава и пракса на универзитетско ниво.
Учесниците по завршувањето на работилница ќе бидат препорачани како професионалци и ќе можат да конкурираат во меѓународните модни куќи .
Еден од професорите кој ја води групата со македонските преставнички е професорот Изет Цури, познат француски дизајнер со македонско потекло. Тој на оваа професија и има посветено повеќе од 40 години работејќи меѓудругите и за „Живанши“, „Жан Пол Готје“ и „Хермес“.