Поради притисоци „Вест“ повлече анкета „Kоја водителка без гаќи пред Груевски?“

Од:

Редакцијата на весникот „Вест” одлучи да ја повлече онлајн анкетата „Која водителка без гаќи пред Груевски?”.

Во услови на вакво судство и вакви закони, како и во ваква констелација на односи во општеството, ние решивме да ја заштитиме редакцијата, рече Горан Михајловски за НОВА.

Инспирирана од српската емисија во која водителка без гаќи и со длабоко деколте минатата недела го интервјуирала српскиот премиер Ивица Дачиќ, дневниот весник „Вест“ во средата напладне започнал анкета која требало да заврши денес во 14 часот.

„Вест“ во анкетата предложи 10 познати македонски водителки и новинарки, за читателите да изберат која од нив без гаќи да го интервјуира премиерот Никола Груевски. Од весникот им се извинуваат на читателите кои гласале.

Vest1

Би можело да ве интересира

Пратениците од опозицијата ја напуштија расправата за законот за медиуми!

Емир Латифовиќ

Работилница: „Развиј ги твоите новинарски вештини“

Емир Латифовиќ