Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и владината коалиција изгласаа нова барокна фасада за зградата на МЕПСО .
Против беше опозицијата, но власта одлучи за две години да се реконструиа фасадата во стил препознатлив за „Скопје 2014“. За опозицијата, смешни се објаснувањата дека со нова фасада во барок-стил ќе има поголема енергетска ефикасност и заштеда на давачките за одржување. За нив тука се работи за лични интереси и нечии фрустрации, кој не знае што е современа архитектура
„Во 21. век градиме објекти во барок-стил. Од Скопје направивме кич. Ни се смеат туристи и им служиме за жив пример на професори по архитектура како не треба да се гради. Од Мал ринг направивме куклен театар, рече советникот во општина Центар, архитектот, Јован Тагасовски.
За власта , со проектот „Скопје 2914“, Скопје заличило на вистинска метропола, а со проектот се отсликува историјата и културата на Македонија.
И според градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ, со проектот „Скопје 2014“ на центарот му се даде нов лик.