Илинден одбележан во Тетово

Од:

Пред Споменикот на Револуцијата во Тетово денеска беа одбележани 115 години од Илинденско востание и 74 години од првото заседание на АСНОМ.

Цвеќе пред споменикот положија делегации на Општинска организација на Сојузот на борци од Тетово и од Армијата на Република Македонија – Гарнизон Тетово, од здруженијата на резервни офицери и на воени инвалиди, од општински организации на политички партии и од други граѓански здруженија.

– Во историјата на еден народ постојат судбоносни датуми, трагични и величествени, по кои тој народ се препознава и кои ја определуваат неговата иднина. Македонската историја има два големи историски настани поврзани со ист ден, но во различни времиња и услови, рече Јоцко Димитриевски, претседател на општинска организација на Сојузот на борци од Тетово во пригодниот говор.

Од Сојузот на борци Тетово упатија остра критика што на одбележувањето немаше претставници од Општина Тетово, институција која треба да ги организира одбележувањата на државните празници.

– Во минатото Општината имаше праќано свои претставници, но само формално, сега нема пратено ниту еден свој преставник. Нема државни знамиња поставено како што треба, само едно знаме во цел град. Ова е доказ дека општината игнонира се што е направено за Македонија за време на Илинденското востание. За ваквиот игнорантски однос упатуваме апел и бараме Јавното обвинителство да се позанимава со овој случај, рече Марин Најдов од Сојузот на борци Тетово.

Би можело да ве интересира

„Борбата трае“ ќе биде мотото на државната прослава на 2 Август

Сиљановска Давкова во Пелинце ќе го одбележи Илинден, Мицкоски во Крушево, Гаши во Скопје

Денот на Републиката 2 Август неработен за сите граѓани

Горан Наумовски

2.Aвгуст е неработен ден за сите граѓани на Македонија

САД го честитаа празникот Илинден

Ана Ололовска

Реафирмирани вредностите на двата Илиндена, одбележувањето без масовни собири

Ана Ололовска