„Групацијата Катара“, која се занимава со хотелиерство, до март годинава ќе ги формализира проектите што планира да ги реализира во Македонија, договорија генералниот директор на компанијата и министерот за економија Ваљон Сарачини во Катар, соопшти министерството за економија.
– „Групацијата Катара“ има повеќе од 55 хотели само во Катар и 20 во други држави. Договорено е висока катарска делегација да ја посети Република Македонија во првата недела во март, при што ќе се конкретизираат идните проекти кои планираат да ги реализираат во нашата држава – изјави Сараќини, кој го придружува претседателот Ѓорге Иванов за време на посетата на Катар.
Сарачини информира дека на состанокот со претставници на „Катар Фондацијата“ е договорено нашите универзитети да ги почнат интензивите разговори за партнерство со неа. Како што е соопштено, Сараќини разговарал и со генералниот директор на „Катар Ервејс“ при што е договорено до крајот на годинава да се отвори директна чартер линија меѓу Доха и Скопје.
Според Сарачини, на средбата која претседателот Иванов и македонската делегација ја имаше со премиерот на Катар, беше даден јасен сигнал од негова страна до сите министри во катарската влада дека до крајот на оваа година во Македонија треба да се реализираат конкретни проекти во делот на енергетиката, земјоделството и туризмот.