Јоргос Папандреу продолжува со скапите предавања на американските универзитети

Од:

Поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу продолжува со предавањата за економската криза на универзитетите во САД за кои добива огромни хонорари.

Папандреу, кој поднесе оставка во ноември 2011 година по насилните протести против мерките за штедење кои ги договори со меѓународните кредитори, од Харвард се сели на универзитетот Колумбија, каде ќе држи предавања за европската и грчката економска криза.

Според некои американски медиуми, кои се цитираат во Грција, Папандреу, кој се смета за еден од предизвикувачите на кризата, ќе заработи околу 30 илјади долари за седум предавања на Колумбија.

Поранешниот грчки премиер, кого некои медиуми го нарекуваат „машина за правење пари“, ќе добие и пари за сместување и пат, а во меѓувреме редовно ја добива и платата како пратеник во грчкиот Парламент, која изнесува 13.400 долари.

Би можело да ве интересира

Димитров се сретна со Папандреу: Инспиративна средба за иднината на нашите земји

Наум Локоски