По Ројтерс и Би-Би-Си информираше за измамата на индискиот милијардер Субрата Рој кој треба до февруари да врати 3 милијарди долари.
Врховниот суд во Индија, и даде рок на компанијата Сахара Индија Паривар повеќе време за да ги врати 3-те милијарди американски долари што ги собра преку продажба на обврзници на инвеститори, за кои се покажа дека биле илегални, пишува Би-Би-Си на 5 декември, 2012 година.
Судот бараше првично групацијата Сахара да врати 939 милиони долари кај Комисијата за хартии од вредност, а остатокот од парите да го плати на две рати до февруари оваа година.
Според пресудата од 31 август, поради неусогласување со финансиските регулативи, компанијата на Субрата Рој требала да ги врати парите во рок од 90 дена, со камата од 15 проценти.
Одлуката на судот пристигна по одлуката на финансиските регулатори која покажа дека не биле испочитувани правилата при прибирањето средства од инвеститорите. Според Би-Би-Си, компанијата на Рој започнала да ги собира парите пред 4 години од 22 милиони помали инвеститори, повеќето од нив од руралните делови на Индија.
Сепак, при посетата за Субрата Рој и за неговиот домаќин, министерот за финансии Зоран Ставревски, изненеадувачки беше прашањето во врска со обвинувањата во неговата родна Индија дека мора да врати 4,5 милијарди долари на околу 30 милиони измамени грагани, кои им ги земал преку продажба на обврзници, за што пишуваше Ројтерс.
Нема ништо такво. Тоа се случува поради одредени политички причини и политички пресметки. Кога луѓето ќе видат напредок тоа не можат да го поднесат, но можам да кажам дека 9 милиони луѓе сакаат да бидат дел од компанијата, рече Рој.
„После измамничките активности во Индија, Сахара Груп влезе во Бангладеш, воспоставувајќи бизнис релации со еден од членовите на “Специјалната Фамилија” во земјата. Субрата Рој веќе го посетил Бангладеш и побарал од владата закуп на слободно земјиште за изградба на сателитски град во Бангладеш…. Ова не е ништо друго освен уште една измама на озлогласениот Субрата Рој Сахара“.
Коментирајќи го инвестицискиот предлог на Субрата, директорот на водечката компанија за недвижнини во земјата изјави:
Субрата Рој Сахара не дојде во Бангладеш за да инвестира, туку да ограби јавни добра, давајќи им на луѓето лажна надеж дека ќе добијат парцели или станови. Тие се меѓународни рекет криминалци и измамници, кои веднаш мора да бидат спречени во мамењето невини луѓе.
Ова е дел од тектот на неделникот Weeklyblitz од јуни минатат година, каде се пишуваше за сомнителните активности на мултимилијардерот, но овде беше отфрлено како напис на таблоид.
Сепак за да може да гради Субрата Рој во Охрид, државата ќе им ги одземе имотите на жителите на Љубаништа за по 1 евро по метар квадратен, што е неприфатливо за нив, бидејќи пазарната цена покрај брегот на езерото е прилично висока.