Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ: Договорот со Грција е срамна отстапка на македонските преговарачи

Од:

Премиерот Заев, нема мандат, легалитет ниту легитимитет во име на целата нација да договара промена на нашето вековно име, велат од Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ притоа повикувајќи се на член 119 став 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, на лично дадените дадените гаранции кои Заев ги даде при добивање на мандатот за мандатар, како и на изборна програма на СДСМ.

Од фракцијата додаваат дека со објавениот финален документ од преговорите за името, Република Македонија и Македонците се клекнати на колена.

„Македонија поради личната каприциозност на нашиот премиер е доведена во ситуација ‘земи или остави’. Договорот е историски само во поглед на целосното исполнување на грчките предуслови и срамната отстапка на македонските преговарачи. Република Македонија не доби ништо туку го задржаа она кое го имаше и досега. Република Македонија и Македонците го изгубија Уставот, добивме ново име, ги поделија Македонците од Грција на грчки Македонци и словенски Македонци и со тоа ги прекинаа нивните крвни врски и потекло“, се наведува во соопштението.

Понатаму се истакнува дека прифаќањето на erga omnes и уставната ревизија е голем дипломатски успех за Грција и пораз на Македонија, бидејќи тоа значи користење на новото договорено име не само во меѓународните односи, меѓународните организации, форуми и документи, туку и во рамките на земјата и во сите домашни документи и исправи.

Од фракцијата истакнуваат дека се посебно иритирани од бенигниот и нејасен став, на, како што велат, наметнатото раководство на ДПМНЕ, кој според нив е во функција на промената на името и прифаќање на понижувачкиот договор.
„Ставот да се чека референдумот и на него да се каже НЕ само ја покажува мрачната договорена нечесна игра во која резултатот е однапред познат. Целта е со помош на членовите на партијата да се постигне излезност на референдумот. И затоа членството и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не смеат да потпаднат на оваа манипулација на Мицковски и наметнатото партиско раководство“, стои во соопштението.

Во него се упатува и апел до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со факти и аргументи да се спротивстават на најавеното гласање на договорот Заев – Ципрас во Собранието на РМ и пред неговото изгласување да си поднесат неотповиклива оставка и да побараат нови избори.

„Само на нови избори еден лидер и политичка партија можат да добијат легимитет од граѓаните за промена на името. Немањето консензус за содржината на договорот го сметаме за основа, истиот да го прогласиме за нелегален и нелегитимен и во блиска иднина да бараме негово целосно поништување“, велат од Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ – Демократска Фракција: Срамната глума на самоумислените „цареви“ Заев и Ахмети

Ана Ололовска

Демократската Фракција на ВМРО-ДПМНЕ: Двојните аршини на Силјановска и маргинализирање на поддршката од ВМРО ДПМНЕ

Ана Ололовска

Демократската Фракција на ВМРО ДПМНЕ: Честитики за испиленото кукавичко јајце во ВМРО ДПМНЕ

Ана Ололовска

ВМРО ДПМНЕ-Демократска Фракција: Дали е на повидок конечно разнебитување на ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска

ВМРО ДПМНЕ-Демократска Фракција: Престанете со понатамошно разнебитување на ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска

ВМРО ДПМНЕ – ДФ: Доста ни е од игри и манипулаци, сакаме кривична и морална одговорност

Ана Ололовска