Продолжува распродажбата на имотот на Скопски пазар

Од:

Скопски пазар и натаму продолжува да ги продава или издава своите атрактивни недвижности во Скопје и низ Македонија, во ситуација кога фирмата е во криза и се бори со наталожените долгови.

На веб-страницата на СП постојано се објавуваат огласи за продажба на деловен простор на компанијата во повеќе градови. Овој месец, Скопски пазар продава деловен простор од над 2.500 метри квадратни во скопски Чаир, како и деловни објекти во Битола (461 метар квадратен) и Охрид (789 квадрати). Компанијата пролетва веќе продала деловен објект од над 2.000 метри квадратни во Кавадарци.

Изминатава година, раководството на Скопски пазар продаде или издаде десетици атрактивни недвижности во сопственост на компанијата, а во исто време фирмата целосно се повлече од пазарот, губејќи ја некогашната врвна позиција во малопродажниот бизнис. Некогашните маркети од ланецот на СП, директорите им ги препуштија на компании кои до вчера им беа конкуренти.

Вработени и акционери во Скопски пазар повеќепати предупредуваа дека имотот на компанијата се распродава во сомнителни околности и без доволно информации за условите под кои се одвиваат продажбите на недвижностите. Според официјална одлука на Управниот одбор од лани, директорите лани продале еден од локалите во сопственост на СП во центарот на Скопје по цена од само 600 евра за квадратен метар, што е за трипати пониска цена од пазарната. Ова, според вработените, укажува на можни нови малверзации со имотот на СП, затоа што нема информации каде отишле парите од разликата во цената.

Токму ваквите и слични потези на раководството на СП во изминатите години се причината за тешката состојба во која фирмата се наоѓа денес, велат познавачи на состојбите во СП. Првите луѓе на фирмата веќе се на суд, обвинети за милионски криминал со акциите на фирмата во 2006-2007 година. Според обвинението, директорите користеле пари на компанијата за да купуваат акции на СП за големи износи, за веднаш потоа да ги поништат акциите. Резултатот од ваквиот потег бил зголемување на процентуалниот удел на самите директори во сопственичката структура на СП. Ова, според Јавното обвинителство, укажува на тоа дека првите луѓе на Скопски пазар ја оштетиле фирмата за своја лична корист. Според најавите, можно е судењето да започне во следните недели.

Би можело да ве интересира

Што ако првите луѓе на Скопски пазар бидат осудени за криминал со акции?

Наум Локоски

Скопски пазар продал имот по трипати пониска цена од пазарната

Наум Локоски

Стартува судски процес против раководството на Скопски пазар за криминал со акции

Наум Локоски

Судот го прифати обвинителниот акт против првите луѓе на Скопски пазар

Наум Локоски

Директорите на Скопски пазар на суд за сомнително купување сопствени акции

Наум Локоски

Се стега обрачот околу раководството на Скопски пазар

Наум Локоски