Кога ќе започне проектот на индискиот милијардер Субрата Рој и когa ќе заврши ниту Рој ниту министерот за економија Зоран Ставревски не кажаа. Тие рекоа дека презентираниот проект во јавноста бил само идејно решение и оти истиот ќе се доработува.
Сопственикот на Сахара Груп кој Владата го најави со голема помпезност немаше точни информации колку пари ќе чини проектот. Кажа дека истиот вредел неколку стотици милиони евра и оти се работело забрзано на негова реализација. Проектот се најавува секој месец, ама освен ветувања засега нема абер од ништо друго.
Никој на светот не може да предвиди каков ќе биде конечниот изглед на проектот. Никој на светот не може да предвиди каков ќе биде конечниот изглед на проектот. Не сме тука да правиме нешто осредно, просечно. никој од канцеларија не може да каже однапред како сето ќе изгледа на терен, рече Рој.
Индискиот милијардер Субрта Рој потврди дека го купил Хотелот Славија иако не кажа колку вреди зделката која што неофицијално е договрена уште вчера вечер. Рече дека во хотелот ќе биде сместен тимот од архитекти и други лица од компанијата кои ќе работат на терен.
Изнеднадувачки за Рој и за неговиот домаќин, министерот за финансии Зоран Ставревски, беше прашањето во врска со обвинувањата во неговата родна Индија дека мора да врати 4,5 милијарди долари на околу 30 милиони измамени грагани, кои им ги земал преку продажба на обврзници, за што пишуваше Ројтерс.
Нема ништо такво.Тоа се случува поради одредени политички причини и политички пресметки. Кога луѓето ќе видат напредок тоа не можат да го поднесат, но можам да кажам дека 9 милиони луѓе сакаат да бидат дел од компанијата, рече Рој.
Тој рече дека комплексот ќе биде достапен пред се за елитна клиентела од Америка, Кина, Индија и Европа и токму тука ја гледа економската оправданост на проектот. Министерот Зоран Ставревски рече дека согласно законот за туристички развојни зони сите граѓани на чии имоти ќе се гради комплексот ќе бидат обесштетени.