Десетта меѓународна конференција за човечки ресурси

Од:

Во организација на Македонската асоцијација за човечки ресурси денеска ќе се одржи десетата Меѓународна конференција за човечки ресурси.

На јубилејната конференција свое излагање ќе имаат професори, тренери и менаџери од земјата и регионот, кои ќе ги пренесат своите искуства и знаења од областа на управувањето со човечките ресурси.

На 10. конференција за човечки ресурси како предавач ќе учествува Никос Ламбридис, професор и директор на Одделот за кариера и професионален развој на студентите од Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ.

Своето 25 годишно искуство стекнато како менаџер во повеќе мултинационални компании од Европа и САД ќе го пренесе преку темата „Почитување и негување на човечката природа во бизнисот“.

Годинешната тема на која ќе се зборува е „Од менаџмент со човечки ресурси – до почит кон луѓето“.

Во фокус на ќе бидат основните потреби, но и највисоките цели на цивилизираниот свет, а тоа е почитта кон луѓето, поддршка на нивниот развој и признание на нивната непроценлива важност во организацијата.

Како и претходните години, така и оваа, Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ ја подржува Конференцијата за човечки ресурси на која што покрај Ламбридис, предавања ќе имаат уште шест други експерти од областа на човечките ресурси, а исто така пријавени се учесници професионалци од областа, и од околните држави.

Би можело да ве интересира

Осма Меѓународна конференција за човечки ресурси

Ана Ололовска