А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Трибина по повод Светскиот ден без глутен

by А1он16/05/2018 - 08:51220
Share0

По повод Светскиот ден без глутен – 16 мај денеска во Скопје ќе се одржи трибина на тема „Борба со непознатото“ во организација на здружението „Без глутен“.
На трибината ќе учествуваат Сара Јовановска, претседател на Здружението „Без глутен”, д-р. Стефка Грујовска, педијатар на Клиника за детски болести, Сашко Дрвошански нутриционист, Кети Ангелковска дистрибутер на безглутенска храна и Ирена Лозано, член на ArtofLivingBioShop.

Следете a1on на Instagram Instagram

Мај е меѓународен месец за зголемување на свеста за Целијакија, хронична автоимуна болест за нетолерантност и алергија на глутен. На трибината ќе се зборува за симптомите и последиците на болеста, тешкотиите и пропустите во дијагностицирањето, немањето реагенси во Клиниките, како и проблемите со кои се соочуваат пациентите во однос на неистакнувањето на алергените на декларациите на производите кои се пласираат во Македонија.

Целта на Здружението „Без глутен” е создавање и одржување на контакти и дијалог меѓу Здружението и раководните органи и институции во Република Македонија, зајакнување на правата на пациентите со нетолерантност и алергија на глутен и целијакија, да им се овозможи на потрошувачите да добијат клучни информации за природата и карактеристиките на храната со што ќе им помогне во вистинскиот избор на храната која ја купуваат вклучувајќи информација во вид на признатиот меѓународен знак дали производот содржи или не содржи глутен за да не го доведе во заблуда потрошувачот.

ArtofLivingBioShop организира донаторска акција за прибирање на средства за набавка на безглутенска и безказеинска храна наменети за семејства со деца со посебни потреби кои ги вклучуваат следниве состојби: аутизам, адхд, адд, дисфункционален развој и останати состојби со препорка и потреба за менување на исхраната во овој правец.

Следете a1on на Youtube YouTube
gluten

Би можело да ве интересира

Здружение „Без глутен”: Производите треба да имаат информација дали содржат глутен

Ана Ололовска16/05/2018 - 14:23
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео