Демократска фракција на ВМРО-ДПМНЕ: Зошто селективна правда? – За некого кривични пријави, а за власта со затворени очи и уши!

Од:

„Сакаме јавно да прашаме сошто СЈО не постапува исто и со поранешниот градоначалник на Струмица, а сегашен премиер на РМ, онака како што постапува со предмет насловен како „Моќник” односно со градоначалникот на Македонски Брод.

За што се работи?

Во предметот „Моќник” поднесено е обвинение за стореното кривично дело Злоупотреба на службената положба, сторено со купопродажба на земјиште по многу помала цена од онаа утврдена во ценовникот на општината. Се работи за купено земјиште во овој случај по 100 денари по м2, во постапка без јавно наддавање, иако со актите на општината – (Ценовник) пазарната вредност на градежно земјиште за тој регион е предвидена цена од 400 ден по м2.
Ја цитирам обвинителката Фетаи – „Наедно со анекс го купил и земјиштето по цена од 100 денари по м2, во постапка без јавно наддавање, иако со актите на општината – ценовник, според кој од одделението за оданочување се вршело утврдување на пазарна вредност на градежно земјиште за тој регион била предвидена цена од 400 ден по м2, со што второосомничениот платил 300 денари помалку од пазарната по метар квадратен и заедно, второ и третоосомничениот, нанеле значителна штета на општина Македонски Брод во износ од 1.176.000,00 денари” (околу 4.000м2)

Во предметот „Поткуп“ Заев беше обвинет дека како градоначалник на Струмица од некој си свој сограѓанин барал поткуп од 160.000 евра за дозвола за легализација (или купување – не е јасно од снимката) на земјиште.

Значи општинско земјиште по пониска цена од утврдената се продавало (или легализирало) и во општина Струмица додека градоначалник бил Заев.

Заев како градоначалник на Општина Струмица исто така продавал (или ЛЕГАЛИЗИРАЛ) општинско земјиште по значително помала цена од она која е одредена со ценовникот на општината. Тоа посебно е потенцирано во снимката од негова страна“, изјавија од Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е снимката од случајот ПОТКУП која е земена како Доказ во постапката.

На снимката од 0,35 секунда па до крај се гледа дека соговорникот на Заев, го прашува: „По твое, што цени јас ќе имам, а Заев потпрашува… За земјиштето ли?….. Соговорниот вели: Од таму ми кажуваат по 70 динара.

И Заев кажува дека таму има цена од 438 денари, па се до 71 денар и прололжува со убедување на соговорникот зо зборовите: И как ќе одлучам јас, така ќе е…..

Колку пати да кажам, как да ти нацртам. Шо…..страа, Сашо што трансформира, земјиштето беше.”

И понатаму снимката продолжува дека веќе на неколкумина им има завршено на таков начин и се си тече како што е договорено. На некој Сашо Ваа…нта, две парцели по околу 66.000-67.000 м2, па се споменува Жито Струмица, некој краварник, па Мирче свињарот и др. случаи.

Значи се работи за повеќе случаи на продажба (или легализација) на парцели во општина Струмица, онака како што ќе кажел Заев, а не по ценовникот на општината. Како што вели самиот ЗАЕВ – „Значи, сакам исто така да знаеш, значи кога говорам за сериозни работи, јас не сум пљунал никаде дек што сам дадел збор. Значи никаде не сум пљунал. Така да ја завршиме работата, однапред мислам што да преземам”.

Затоа:

1. Бараме од СЈО или ОЈО да отвори истрага за можна злоупотреба за продажба (или легализација) на земјиште во општина Струмица, врз основа на кажувањето (самопризнание) во оваа снимка по многу пониски цени од оние кои се утврдени со ценовникот на општината. Јавнста мора да знае дали во овие случаи важеле цените утврдени во ценовникот или пак било онака како ќе одлучел Заев. Односно онака како што сам вели на снимката – Как ке одлучам јас, толку ќе е…..?!!!!!!!

2. Дали превземените постапки од страна на поранешниот градоначалник на Струмица се спроведени во согласност со законот?

3. СЈО или ОЈО да утврдат дали и колку е направена штетата на државата и општината со досега продадените (или легализираните парцели) во општина Струмица, доколку продажбата (или легализацијата) се правени по пониска цена од онаа утврдена во ценовникот на Општината Струмица – бидејки е мошне индикативно кажувањето ,,Јас како ќе одлучам… така ке биде….

Овде не се работи за приватен имот, туку за имот на граѓаните на РМ и затоа законите мора да важат за сите па дури и за Заев иако сега е премиер на РМ.

Второ кое сакаме да го потенцираме е изјавата на Заев во емисија со новинарот Мухамед Зекири каде тој јавно кажува дека се поднесени кривични пријави од СДСМ, против Бујар Османи, Муса Џафери и други лица за сторен криминал.

Бараме Заев јавно да каже што стана со поднесени кривични пријави за овие лица или пак СДСМ ги повлекле кривичните пријави против сега вицепремиерот во Владата на ЗЗ – Бујар Османи, Муса Џафери и останатите високи функцинери.
Исто така сметаме дека за оваа работа треба јавно да се произнесе и ОЈО до кај е со поднесени кривичните пријави.
Ја претпочитаме презумпцијата на невиност, но дали е етички ваков човек да имате за вицепремиер, во кој и самиот премиер се сомнева дека сторил криминал и затоа поднел кривична пријава?!
И трето, премиерот соопшти дека се води предистражна постапка за двајца министри во владата. Редно е јавноста да знае за кои лица се работи и до каде е постапката или пак од позиција на власт и за мир во коалицијата се сопрени истрагите?.

СЈО, ОЈО и премиере, јавноста со нетрпение го очекува одговорот на овие прашања“, рекоа на денешната прес-конференција од Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ – Демократска Фракција: Срамната глума на самоумислените „цареви“ Заев и Ахмети

Ана Ололовска

Демократската Фракција на ВМРО-ДПМНЕ: Двојните аршини на Силјановска и маргинализирање на поддршката од ВМРО ДПМНЕ

Ана Ололовска

Демократската Фракција на ВМРО ДПМНЕ: Честитики за испиленото кукавичко јајце во ВМРО ДПМНЕ

Ана Ололовска

ВМРО ДПМНЕ-Демократска Фракција: Дали е на повидок конечно разнебитување на ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска

ВМРО ДПМНЕ-Демократска Фракција: Престанете со понатамошно разнебитување на ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска

ВМРО ДПМНЕ – ДФ: Доста ни е од игри и манипулаци, сакаме кривична и морална одговорност

Ана Ололовска