ВИДЕО: Светската атракција Ера Иштрефи ќе настапи на „Ентер фест“ во Скопје

Од:

Ера Иштрефи, новата светска атракција, неофицијално е една од учесничките на претстојниот „Ентер фест“ кој стартува на крајот на мај во Скопје. 23-годишната Ера Иштрефи за брзо време го привлече вниманието на британската и американската музичка индустрија со кои веќе соработува.

Ештрефи, која ја нарекуваат „Ријана од Косово“, стекна светска слава со нејзината песна „БонБон“ која има над 500 милиони прегледи на Јутјуб, бројка што не ја достигнуваат и многу познати светски пејачи.

Светските медиуми пишуваат дека Ера Иштрефи ќе ја достигне и Рита Ора, но и Ријана, а за тоа во прилог и одат сите досегашни случувања како и покажаниот интерес за нејзината појава и глас.

Иштрефи е родена во Приштина, нејзината мајка е позната албанска пејачка, Сузана Тахирислај и владееше со музичката сцена во 80-те години.

„Ентер фест“, кој стартува во Скопје на крајот на мај и ќе трае шест дена, е со амбиција да стане сериозна конкуренција на фестивалите во поширокиот регион.

Организаторите за четврток најавија прес-конференција на која ќе соопштат кој се доаѓа во Скопје од музичките ѕвезди.

Идејата е главниот град на Македонија да стане епицентар на музичките случувања во шесте дена додека се одржува фестивалот.

Би можело да ве интересира

Фестивалот „Ентер Фест“ се одложува за 29 август до 2 септември

Ана Ололовска

Ќе се сними ли „Невозможна мисија“ на „Ентер фест“? Кој од познатите ќе биде новата жртва?

Ана Ололовска

Објавен распоредот на сцените на „Ентер фест“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Објавени деталите и учесниците на ЕНТЕР Фест

Ана Ололовска

В четврток ќе се открие кои ѕвезди доаѓаат на „Ентер фест“ во Скопје

Ана Ололовска

Ентер фест: Не наседнувајте на шпекулациите на една лажна продукција, ова ќе биде најголемиот фестивал

Ана Ололовска