Во апартманот за кучиња „Гиовски“ кај велешко Војница привремено е сместено кучето „ротфајлер“, кое пред четири месеци искаса пет деца во скопската населба Аеродром и уште три лица во населбата Гази Баба во Скопје.
Ова денеска на новинарите им го потврди Ристе Гиовски тренер-дресер на кучиња, сопственик на апартманот за куќиња. Тој го покажа кучето пред медиумите и информира дека по привременото сместување кај нив кучето-бездомник деновиве ќе оди за Италија.
– Кучето е во нормална состојба, социјализирано и не постои никаква опасност од него. Кучето за кратко време треба да оди за Италија, иако правевме напори да се вдоми во Македонија, но не успеавме да го вдомиме тука. Договорено е уште претходно да оди во Италија, но не знаеме дали ќе биде сместено во пансион или ќе биде вдомено. Сигурно може да потврдиме дека ќе оди во Италија, рече Гиовски.