СКСЗМ: Со поддршката на фирмите да не се заборави рамномерниот регионален развој

Од:

Да не се запостави еднаквиот регионален развој со имплементирањето на владините мерки за економски раст од третиот столб кои предвидуваат поддршка на микро, малите и средните претпријатија, апелира Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ).

Комората денеска, во соработка со Фондот за иновации, пред членките ги презентираше мерките според кои, ќе се покриваат 30 отсто од директните трошоци за технолошки развој на фирмите, за инвестициските проекти и едукацијата на младите вработени.

– Само со правиот јавен повик планираме да распределиме 185 милиони денари кои се веќе обезбедени од Владата. Годинава се предвидени уште два повика со што вкупниот износ за поддршла ќе биде 645 милиони денари, рече директорот на Фондот Јован Деспотовски.

Од СКСЗМ побараа во мерките да се вклучат фирми од повеќе сектори.

Би можело да ве интересира

СКСЗМ: Над 4.000 компании згаснаа само во првите шест месеци од 2020-та, ликвидноста да биде клучна за петтиот пакет мерки

Ана Ололовска

Топ 100: Компаниите да продолжат со инвестиции, државата ќе ги поддржи

Ана Ололовска

Бектеши на средба со менаџментот на СКСЗМ

Ана Ололовска

СКСЗМ одржа Годишно собрание, избрани новите структури за следниот мандат

Ана Ололовска

СКСЗМ апелира надлежните институции да преземат мерки и активности за подобрување на безбедносната состојба во земјава

Ана Ололовска

Одговорни за носење заштита на лицето треба да бидат органите на редот, а не бизнисите, порачува Комората на северозападна Македонија

Ана Ололовска