А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Давидовиќ: Истекува рокот за обвинителен акт за настаните во Собранието од 27 април

by А1он26/03/2018 - 12:23415
Share0

Звонко Давидовиќ адвокат на еден од обвинетите за настаните во Собранието од 27 април минатата година, изјави дека очекува деновиве да биде објавен обвинителниот акт за овој предмет, бидејќи веќе истекува рокот.

Добивај вести на вибер

Според него, преостануваат десетина дена. Давидовиќ потврди и дека добиле еден дел од доказите.

Во однос на одлуката на Врховниот суд за притворените пратеници и другите осомничени за настаните во Собранието од 27 април, рече дека се уште нема информација за тоа дали Судот донел одлука и се пожали дека во овој случај се пробиени сите рокови.

– За жал тоа е начинот на кој функционира судството веќе подолго време. Ние како бранители, а и осомничените некој пат дознаваме од средствата за јавно информирање, кои се поинформирани. Тоа го покажува односот на судството и почитување на законот и роковите. Ги пробија сите рокови, а се работи за најтешката мерка, вели Давидовиќ, кој е бранител на еден од обвинетите, во изјава за медиумите пред одржувањето на дебата на ФОН за „Демократска контрола над работењето на институциите на безбедносниот сектор – потреба и предизвици”.

Претседателот на Врховниот суд на РМ Јово Вангеловски порано денеска за МИА изјави дека очекува во текот на денов да биде објавена одлуката по жалбите за притворите на пратениците.

Врховниот суд требаше решението за жалбите на притиворените да ја донесе минатиот четврток. Според претседателот на Врховниот суд, Вангеловски, судот не доцни со решение, туку се работи за сложен предмет за кој не може да се очекува да има брза одлука.

davidovic

Би можело да ве интересира

Давидовиќ: ДЗС нема надлежност за инспекција на угостителски објекти

Катерина Ѓуровски12/03/2026 - 14:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен