Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски присуствуваше во Лешочкиот Манастир каде надлежниот епархиски архиереј Митрополитот Тетовско Гостиварски Јосиф во сослужение на митрополитите Европски Пимен и Кумановско-Осоговски Јосиф отслужи помен, по кој беше прочитано и пригодно слово.
– Придонесот на овој значаен просветителски деец не обврзува да оддаваме достојна почит кон неговиот лик и дело, се вели во соопшението на КОВЗРГ.