Поранешната порно актерка Миа Калифа (25) откри дека добила анонимни закани поради едно видео кое што требало да биде сатира.
Конкретното видео за кое што добила закани е за секс во тројка во кое што таа носи хиџаб. Поради тој потег борците на Исламска држава започнале да ѝ се закануваат по живот. Таа изјави дека постојат голем број на американски порно филмови кои дискриминираат муслимани.
– Работите излегоа од контрола и станав позната, а тогаш ИД започна да ми се заканува. Тогаш сфатив дека е време да се тргнам, изјави Миа.
Таа тврди дека никогаш не сакала да се занимава со порнографија и дека тоа ѝ било само „издувен вентил“.
– Сакав да се опуштам и да станам бунтовна, објаснува Калифа која престана да се занимава со порнографија пред три години.
Калифа сега изјавува дека сака да напише книга со рецепти од различни земји.