Министерката Апостолска се сретна со италијанскиот амбасадор Ромео

Од:

Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, денес оствари средба со амбасадорот на Република Италија, Карло Ромео.

На средбата се разговараше за економско-трговските релации помеѓу двете земји, можностите за нивно унапредување и искористување на потенцијалите за инвестирање во Република Македонија.

Амбасадорот Ромео истакна дека постои простор за понатамошно зголемување на постоечката добра трговска размена помеѓу двете земји, вклучително и на инвестициите. Тој информираше за зголемениот интерес на инвеститори од Италија и го потенцираше значењето кое го има конфедерацијата на италијанската индустрија „Конфиндустрија“ во Македонија за унапредувањето на економските односи.

Министерката Апостолска истакна дека стабилизацијата на политичкиот амбиент позитивно се одразува на интересот на странски компании да инвестираат во Република Македонија, притоа нагласувајќи дека со владиниот План за економски раст и формите на финансиска поддршка, кои се достапни за компаниите кои сакаат да инвестираат или имаат започнато со инвестиции, се очекува интересот да биде уште поголем.

„Како Влада, особено и од примарно значење ни е да обезбедиме тој процес да се одвива на транспарентен, конкурентен и недискриминирачки начин“, рече Апостолска.

Според амбасадорот Ромео, стабилносноста на државата позитивно се одразува на интересот на италијанските компании за македонскиот пазар, како дел од поширокиот регионален пазар.

На средбата беше договорено, под покровителство на италијанската амбасада и „Конфиндустрија“, да се организира настан на кој ќе бидат презентирани мерките за поддршка на инвестициите од Планот за економски раст пред претставници на италијанските компании во Македонија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ