Кенди Краш минатата година остварила 2 милијарди долари заработка

Од:

Минатата година во индустријата на видео игрите беше одбележана од контроверзиите со Loot кутиите, но сепак компаниите не се откажуваат од нив, иако многу земји размислуваат за забрана на ваквиот вид монетизација.

Компанијата Activison Blizzard објави документ за заработката во 2017 година, каде што е наведено дека чистиот профит изнесува 7,16 милијарди долари, што е рекорд и за скоро 600 милиони повеќе од заработката во 2016 година.

Сепак, фактот кој привлекува внимание е заработката од микротрансакциите во игрите, односно купувањето на додатоци кои не се во основата на играта. Се работи за цифра од дури 4 милијарди долари или 60 отсто од вкупната заработка.

Игра со најверојатно најголема заработка изминатата година беше мобилниот хит, Кенди Краш Сага (Candy Crush Saga), која на компанијата Кинг им донесе две милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Начин како да се заштитите од „Покемон Гоу“ епидемијата

Емир Латифовиќ

Каква цена ќе плати Баку како домаќин на Европските игри?

Емир Латифовиќ

Брачен пар од Словенија заработува милиони од „Talking Friends“

Емир Латифовиќ

16 години од излегувањето на легендарната Half-Life

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Животот и смртта на Flappy Bird

Емир Латифовиќ

Играта „Battlfield 4“ забранета во Кина како пример на „културна агресија“

Емир Латифовиќ