ФСМ: Заев и Ахмети немаат ни кредибилитет, ни легитимитет да преговараат за промена на Уставот

Од:

„Форумот на слободоумни патриоти најостро го осудува однесувањето на велепредавничко-арнаутскиот тандем Заев и Ахмети, како и на нивниот поттрчко Димитров.

Сакаме да му укажеме на велепредавничко-арнаутскиот тандем дека со нивното однесување и нанесуваат непоправлива штета на Република Македонија и на Македонскиот народ. Немаат ни кредибилитет, ни легитимитет да преговараат за промена на Уставот на Република Македонија!

Форумот на слободоумни патриоти во следниот период ќе застане рамо до рамо со Македонскиот народ и најостро ќе се спротистави на велепредавството во режија на Заев и Ахмети, поддржано од нивниот поттрчко Димитров“ се вели во соопштението на Форумот на слободоумни патриоти.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени во рамките на истражната постапка за проневера на над 180 милиони денари во ФФМ

Предраг Петровиќ