По повод католичкиот празник Раѓање Христово – Божик, претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери упати честитка до сите припадници на католичката вероисповед.
– Дозволете ми, од свое лично име и од името на пратениците во Собранието на Република Македонија, Вам лично и на припадниците на католичката вероисповед, да Ви го честитам големиот христијански празник, Христовото раѓање – Божик. Овој голем христијански празник и претстојните празнични денови, нека донесат добра мисла, спокој и единство за сите. Радоста што овие денови ја носат, споделете ја со најблиските и нека овие денови бидат исполнети со многу среќа, здравје и благосостојба во вашите домови. Сите заедно, сплотени, да се стремиме кон подобра иднина за сите граѓани на Република Македонија, пишува во честитката на претседателот на Собранието Џафери.