Кошаркарката на Торино, Ивана Тиквиќ, доби брутален удар од зад грб од страна на Дерис Хамбри во натпревар од 10. Коло на италијанското првенство по што ја загуби свеста и беше итно префрлена во болница.
По укажаната помош Тиквиќ закрепна и е пуштена на домашно лекување.
Инцидентот се случи во последната минута од натпреварот кога победникот веќе беше решен со оглед на високото водство на Торино над Рагуза со 71:53.
Поради непромислениот потег, Американката во редовите на Рагуза е суспендирана на три месеци.