Денес започнува клупската програма на Desonanz 2017

Од:

Во соработка со фестивалот Таксират, вечерва започнува клупската програма на деветтото издание на музичкиот фестивал Desonanz.

Во салата 25 мај во МКЦ, вечерва ќе настапи истакнатиот ветеран на светската хаус, техно и електро сцена, DeltaFunktionen од Берлин. Сетовите на DeltaFunktionen се легендарни во својата техничка софистицираност и прецизност како и сировата креативна енергија која го движи подиумот низ неговите препознатливо долги сетови. За загревање на публиката и затворање на вечерта задолжени се локалните диџеи Apostolski (Drop Series) и Mitrik (Room 313).

Утре вечер на малата сцена во Македонската филхармонија, со својот несекојдневен проект Damien Dubrovnik, ќе настапат двајца од најпрославените модерни композитори во современата музика, Loke Rahbekи Christian Stadsgaard– сопствениците на културниот феномен и издавачка куќа posh isolation од Копенхаген. Публиката ќе има можност да го проследи иелектроакустичниотнастап на Vedis, како и ексклузивниот проект на македонските етноџезекспериментаториStringForces (во комплетен состав).

По концертот во Македонската филхармонија, следува настапот на маскираниот берлински техно/IDM продуцент HeadlessHorseman во МКЦ. HeadlessHorseman е мистична фигура на електронската сцена и највозбудливиот хардверски техно перформанс во моментов на планетата. Овој перформанс е негово деби во Скопје и дел од светската турнеа на неговиот албум и видео проект „Sanctuary“. Локална поддршка се диџеитеMaggie(Code XX), BodanJamakoski (Audiobahn), AndreasHz (Broccoli) и Martchin (BTKRSH).

„Десонанз“ е годишен фестивал кој истражува и експериментира со културните стандарди на мултимедијалната уметност, но и границите на колективната естетика.

Би можело да ве интересира

Damien Dubrovnik, String Forces и Vedisво петок на Desonanz 2017

Ана Ололовска