Во рамки на своите надлежности Министерот Самка Ибраимоски денес учествуваше на 11- ти состанок на Европската платформа за инклузија на Ромите која се одржува на 27-28 ноември, во Брисел.
Темата која се дискутира на оваа Европска платформа за Роми во организација на Директоратот за Правда при Европската комисија е „Транзицијата од образование кон вработување“.
На оваа платформа учествуваат високи претставници на Европската комисија,Европскиот парламент, министри од земји членки на ЕУ и земјите од Западен Балкан, како и претставници на невладини организации кои дејствуваа на социјална интеграција на Ромите во регионот.