Филипинскиоот претседател Родриго Дутерте ги повика денска лидерите на држави од Југоисточна Азија да се фокусираат на засилување на борбата против тероризмот, наркотиците и друг вид криминал што се закана за стабилноста на регионот.
Дутерте ја отвори 31-та средба на врвот на АСЕАН со благодарност до меѓународните партнери што помогнале државата да победи против екстремисти од ИД кои пет месеци окупираа град во јужниот дел од државата.