Од 14-ти до 25 ноември ќе се одржува 10. Скопје постер фестивал – изложба која ги претставува најдобрите дела од Меѓународниот конкурс за студентски плакат.
– Оваа година ќе има посебно, јубилејно дизајнерско искуство, соопштија организаторите на фестивалот, најавувајќи работилници за калиграфија и плакати, минимал дизајн, работилница за курирање и пишување критика за дизајн, изложба на плакати од минатогодишните победници, специјална изложба од жири-членовите, забава…
Фестивалот соопшти дека се отворени повиците за учество на работилниците и на дизајн-конференцијата наменета за дизајнери, креативци индивидуалци и за сите уметници.
Изложбата ќе биде во Музеј на град Скопје, а работилнците во хотел Парк.