Женската македонската кошаркарска репрезентација се соочува со сериозни проблеми во пресрет на подготовките за евроквалификацискиот циклус. Поради повреди и неколкумесечна пауза, капитенот Јелена Антиќ и на Ана Тантуровска нема да бидат на располагање на селекторот Марјан Лазевски.
Тантуровска заработи скршеница на две ребра во дресот на Олимпијакос Волос додека Антиќ ги скина лигаментите на коленото на евролигашки напревар играјќи за Висла Кенпак.
Македонија за противници во квалификациите за ЕП ги има Италија, Шведска и Хрватска.
На првиот натпревар „црвено-жолтите“ ќе се сретнат со Италија на 11 ноември во СЦ „Јане Сандански“.