Нова инвестиција и вработувања најавува британската SoPro која работи во Македонија

Од:

Дополнителна инвестиција од четири милиони американски долари и нови 30 работни места во Македонија најавува британската агенција за дигитален маркетинг СоПро, која во земјата работи веќе две години.

Соопштуваат дека со тоа компанијата ќе го зголеми бројот на вработени на шеесеттина. Изразуваат задоволство од бизнис климата во Македонија и најавуваат дека поради зголемување на бројот на клиенти и работа ќе се селат во нови простории.

– Екипирањето со нов стручен кадар е резултат на зголемување на бројот на клиенти и работа и ќе се случува етапно во следните 12-18 месеци, наведуваат во соопштението.

Според ко-основачот и сопственик на СоПро, Рајан Велманс, одлуката да инвестираат во Македонија се темели на позитивните искуства од досегашните активности постигнати преку подружниците во Велика Британија, САД, Африка, Европа и Индија и ја одразува довербата што СоПро ја ужива во регионот:

– Во Македонија наидовме на млад, енергичен и технички одлично поткован кадар. Скопје е прекрасен град со богатата култура, која во комбинација со европските вредности и сличната временска зона, го прави уште поблизок со нас. Оваа инвестиција ги поддржува нашите амбициозни планови за развој и очекуваме континуиран успех во Македонија, вели Велманс.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ