Американската нафтна компанија „Галф оил“ влезе на македонскиот пазар

Од:

Американскиот бренд за производство на нафта и нафтени деривати Галф од денеска официјално присутен на македонскиот пазар со отворатењето на првата бензиска станица во Скопје. Планира мрежата во иднина да ја прошири на 25 низ целата држава.

Влегува како партнер во домашната доманија Супер трејд која 25 години работи на македонскиот пазар и една од најголемите дистрибутери на горива во земјава.

Според Снежана Стајиќ, која е основач на Супер трејд, влегувањето на „Галф оил“ значи многу за македонската економија. – Тоа е голема странска инвестиција и имплементирање највисоки стандарди, рече Стајиќ.

Македонија е втора земја од регионот каде е присутен овој бренд, кој, работи во повеќе од 100 земји во светот, а планира во наредните години да влезе во дополонителни 60. Има 100-годишно искуство, а првата бензиска станица ја отвора во 1913 година во Птсбурб, САД.

– До денес Галф оил е синоним во светот за производи со висок квалитет, иновации и техничка извонредност, рече Марио Дадони претставник на Галф оил. Планираат, како што рече, до 2020 година да бидат прифатени како една од 10- најголеми глобални компании.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ