Короглу: Присуството на Ван Хол главна причина за инвестирањето во Бунарџик

Од:

Главната причина поради која инвестираме во сопствен капацитет во ТИРЗ Скопје е желбата да бидеме поблиску до еден од нашите главни клиенти Ван Хол, порача сопственикот на турската „Чагатај Кабло“ Ахмет Короглу по поставувањето камен-темелник на нивниот објект во Бунарџик.

– Запознаени сме со програмата за поддршка што ја нуди Владата на Република Македонија што е добредојдена, но сепак првенствената причина за инвестирање во Бунарџик е задоволството на нашиот клиент Ван Хол кој исто така е присутен во зоната, изјави Короглу во одговор на новинарско прашање.

Тој нагласи дека е запознаен со висината на платите што ги добиваат македонските граѓани и оти ја поддржува новата владина политика за поголема поддршка на компаниите кои даваат повисоки плати и вети дека платите што ќе ги добиваат работниците во Чагатај Кабло во Скопје ќе обезбедат, како што рече, благосостојба за вработените.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, кој присуствуваше на поставувањето камен-темелник, рече дека неговото присуство денеска е доказ за странските инвеститори дека се добредојдени и оти ќе бидат уште повеќе поддржани од Владата, бидејќи, како што кажа, ги гледаат како македонски компании.

– Сите компании на територијата на државата се македонски само различно е државјанството на сопствениците. Во таа насока освен странските инвеститори ќе бидат поддржани и домашните со истите мерки, потенцира Анѓушев.

Тој посочи дека направената симулација со Чагатај Кабло, која имала потпишано договор за градба на фабриката врз основа на кој се гради, но немале потпишано договор за директна државна помош со претходната власт, покажала дека ќе бидат уште посилно поддржани со новите мерки кои се во драфт верзија.

– Се надевам дека тоа ќе ги охрабри сите странски и домашни компании да инвестираат во Македонија и да бидат македонски фирми. Ние денеска не сме тука за да им помогнеме во фрлањето лопати, туку да ги поддржиме во нивната активност тоа да го направат, посочи Анѓушев.

Министерот без ресор, задолжен за привлекување странски инвестиции Аднан Ќахил нагласи дека во изминатите четири месеци имал контакти со над 100 сериозни потенцијални инвеститори од Турција, Истокот и Европа.

– Во иднина можеме да очекуваме повеќе странски инвестиции затоа што имаме транспарентна програма за државна помош. Таа се состои од сеопфатно помагање на сите инвестиции во Македонија и тоа не само со државна помош, туку и со создавање добар амбиент за инвестирање. Со новата Влада Македонија станува препознатлива земја во која се создава стабилна клима за инвестиции, но и стабилност во политиката и сите економски текови, потенцира Ќахил.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ