Турската „Чагатај Кабло“ во Бунарџик ќе произведува кабли за автобусите на „Ван Хол“

Од:

Во технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 денеска беше поставен камен-темелник на турската компанија „Чагатај Кабло“ што ќе произведува кабли за автомобилската индустрија пред се наменети за автобусите на „Ван Хол“.

Како што истакна сопственикот Ахмет Короглу, во првата фаза ќе се изгради објект на површина од 7.000 метри квадратни во вредност од четири милиони евра и ќе се вработат 100 лица, а подоцна објектот ќе се прошири со што инвестицијата ќе се заокружи на шест милиони евра и ќе се вработат 300 лица.

Компанијата, како што кажа, 20 години произведува и има 35-годишно искуство во овој сектор, а во нивниот објект во Истанбул кој е на површина од 14.000 метри квадратни има 315 вработени. Се очекува компанијата да го започне производството во Скопје кон крајот на март или на почетокот на април следната година.

На поставувањето на камен-темелникот присуствуваше и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев кој посочи дека Џагатај Кабло договорот за изградба на објектот го склучил 2016 година, но не добил субвенции од Владата бидејќи не успеале да го склучат договорот за поддршка со претходната влада.

Со направената стимулација, како што кажа, согласно новите мерки кои се во драфт верзија Чагатај Кабло ќе добие повеќе средства отколку да склучила договор со претходната власт за изградба на компанијата во слободната зона.

Покрај тоа, со новите мерки субвенција ќе добие и Ван Хол бидејќи ќе користи кабли од Чагатај Кабло која, како што кажа Анѓушев, ќе се смета како македонска компанија.

– Ние не ги делиме нашите компании на домашни и на странки, тие сите за нас се македонски. Чагатај Кабло е добар пример за останатите домашни и странски компании што сакаат да инвестираат во зоните и да видат дека Владата ќе ги поддржи повеќе отколку што беа претходно поддржани, рече Анѓушев.

Прашан дали денешното присуство на поставување камен-темелник ќе значи пракса како што имаше претходната власт во време на избори да се промовираат странски инвестиции, Анѓушев рече дека нема никаква партиска припадност и оти ќе присуствува на поставувањето камен-темелници на сите компании што ќе значат развој на економијата на Македонија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ