Речиси едно од десет деца во светот, односно над 150 милиони се жртви на принудна работа, а напредокот во однос на тоа прашање е многу мал, соопшти денеска Меѓународната организација на трудот (ИЛО).
– Околу половина од нив работат небезбедни работи, над една третина не посетуваат училишта, две третини од децата работат на семејните фарми или во семејни претпријатија, додека речиси 71 процент од нив извршуваат земјоделски работи, се наведува во извештајот на ИЛО.
Според проценките на организацијата, од 152 милиони деца кои работат принудно – 54 милиони се девојчиња, а 88 милиони се момчиња.
Девет од десет деца кои работат принудно живеат во Африка, во Азија и во Океанија.
Иако бројот на деца, кои работат принудно се намали за 94 милиони во однос на 2000 година, сепак тој пад е успорен од 2012 до 2016 година.
Еден од целите на ОН е до 2030 година да се стави крај на принудната работа за децата.