Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ реагира на денешното известувањето на Министерството за финансии.
„Се согласуваме со насоката на Министерството за финансии објавено денес, дека Законот за сметководствени работи не предвидува рок до кој треба да се достават докумети за добивање лиценца за работа на правните субјекти кои вршат сметководствена дејност.
Но Институтот со својата препорака дава целосна заштита на колегите сметководители и вршителите на сметководствени работи да не се доведат во ситуација да не можат да ги достават навреме годишните сметки, а истовремено да се соочат со одредени правни последици и казни.
Институтот со овој допис сака да обрне внимание на Министерството за финансии, Министерот за финансии и целокупната јавност дека некои вработени во министерството даваат погрешна слика за настаните и истовремено создаваат слика дека Институтот постапува спротивно на одредбите од законот.
Институтот секако дека и по препорачаниот датум за достава на документација ќе постапува по барањата доставени од сметководителите, овластените сметководите и субјектите за вршење на дејноста.
Напоменуваме дека Институтот и Министерството за финансии се партнери на државата кои треба заеднички да се грижат и соработуваат со цел правилна и навремена наплата на даноците и обезбдување на приходи во буџетот на Република Македонија“ се вели во реакцијата на институтот.