Барселона победник на Супер Глоуб 2017

Од:

Македонскиот репрезентативен голман Борко Ристовски со својот клуб Барселона го освои златниот медал на СУпер Глоуб 2017. Каталонците до трофејот на неофицијалното светско клупско првенство дојдоа по победата над Фуксе Берлин со 29:25.

Клупскиот колега на Ристовски, Гонзало Перез де Варгас имаше одлична партија, па Ристовски немаше многу шанси да ги покаже своите квалитети.

Претходно во мечот за третата позиција, европскиот и македонски шампион Вардар оствари убедлива победа над домаќинот на турнирот Ал Сад со 37:19.

Супер Глоуб турнирот се играше во Доха, Катар.

Би можело да ве интересира

Вардар трет на Супер Глоуб

Наум Локоски

Барселона му се реваншираше на Вардар

Наум Локоски

Вардар – Барселона во полуфиналето на Супер Глоуб

Наум Локоски

Ракометарите на Вардар во четвртфиналето против ирански Гашаран

Наум Локоски

Вардар официјално поканет на Супер Глоуб

Наум Локоски