Ракометарите на Вардар во четвртфиналето против ирански Гашаран

Од:

Европскиот и македонски ракометен првак Вардар денеска го игра првиот натпревар во рамките на „Супер глоуб“ во Доха, неофицијалното светско клупско првенство.

„Црвено-црните“ за противник го имаат тимот од Иран, Гашаран.

Оваа екипа е непозната за европскиот ракомет, а на турнирот настапува како преставник на Азија.

– Ќе мора многу да се потрудиме за да победиме, особено што сега сите ќе сакаат триумф над Вардар, кој е европски првак. Добро работевме последните денови сите се здрави и во полн состав го очекуваме ова натпреварување, изјави пред заминувањето за Доха тренерот на Вардар Раул Гонзалез.

Почетокот на дуелот е во 14 часот, а пред овој натпревар ќе играат Барселона и Есперансе од Тунис. Победниците од овие два натпревара утре ќе играат во полуфиналето.

Другите две четвртфинали двојки се Берлин (актуелен шампион) – Пинеирос (Бразил) и Ал Сад (Катар) – Сиднеј (Австралија).

Би можело да ве интересира

Барселона победник на Супер Глоуб 2017

Наум Локоски

Вардар трет на Супер Глоуб

Наум Локоски

Барселона му се реваншираше на Вардар

Наум Локоски

Вардар – Барселона во полуфиналето на Супер Глоуб

Наум Локоски

Вардар официјално поканет на Супер Глоуб

Наум Локоски