По едномесечни интензивни подготовки во Скопје и неколку одиграни пријателски натпревари женската јуниорска репрезентација на Македонија, отпатува во Даблин, каде ќе настапи во Б дивизијата на Европското првенство за кошаркарки до 18 години.
Избраничките на селекторката Анета Глигорова ќе играат во групата Д заедно со домаќинот Република Ирска, Велика Британија, Молдавија, Украина и со Словачка.
Распоред на натпревари:
4 август Македонија – Ирска
5 август Македонија – Украина
6 август Македонија – В. Британија
8 август Македонија – Словачка
9 август Македонија – Молдавија.
Првопласираните две селекции од групата ќе обезбедат пласман во четвртфинале, додека трето и четврто рангираните ќе разигруваат за пласман од 9-то до 16-то место, а двете последно рангирани за пласман од 17 до 24 место.