Утре коњаниците тргнуваат за Крушево

Од:

„Илинденскиот марш 2017“ ќе стартува утре во 17:30 часот од паркот Јане Сандански во Општина Аеродром, која е традиционално покровител на овој Коњички марш, а ќе заврши на втори август во Крушево, каде што треба да се приклучат на прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден.

Претседателот на Советот на Општина Аеродром, Виктор Камилоски, се очекува на коњаниците да им го предаде општинското знаме, со што официјално стартува 39-от традиционален коњички марш што го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“.

Дваесеттина коњаници придружувани од фаланга составена од дваесетина членови, играорци од КУД „Никола Јонков Вапцаров“, со звуците на зурлите и тапаните ќе се упатат кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, минувајќи низ главните булевари на општината.

Пред свеченото испраќање на коњаниците од Горно Лисиче, кои се на возраст од 18 до 65 години меѓу кои и една девојка, во црквата „Св. Петар и Павле“ ќе се одржи свечена литургија, на која високи свештеници од Македонската православна црква ќе им дадат благослов на патот кон Крушево.Пред испраќањето на илинденците ќе се организира свечена музичка програма каде ќе настапат познати македонски естрадни уметници.

Во испраќањето на коњаниците кон Крушево, ќе се вклучи и Општинската организација на Црвен крст „Кисела Вода“, која во дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче ќе одржи крводарителска акција.

Би можело да ве интересира

„Борбата трае“ ќе биде мотото на државната прослава на 2 Август

Сиљановска Давкова во Пелинце ќе го одбележи Илинден, Мицкоски во Крушево, Гаши во Скопје

Денот на Републиката 2 Август неработен за сите граѓани

Горан Наумовски

2.Aвгуст е неработен ден за сите граѓани на Македонија

САД го честитаа празникот Илинден

Ана Ололовска

Реафирмирани вредностите на двата Илиндена, одбележувањето без масовни собири

Ана Ололовска