Во Македонија лани имало 15.473 малолетни и 42.549 полнолетни корисници на социјална заштита, а 29.215 носители на домаќинства (број на домаќинства) биле корисници на социјална парична помош.
Според податоците на Државниот завод за статистика, најголемо учество од 48,9 отсто од вкупните права на социјална заштита кај малолетните корисници имаат услугите на социјална работа, а кај полнолетните услугите за социјална заштита кои изнесуваат 84,5 отсто.