Екипата на Фенербахче чиј член е и македонскиот кошаркар Перо Антиќ ја освои шампионската титула во турското првенство, oткако вчеравечер по неверојатен пресврт го совлада Бешикташ со 98:94 за максимални 4-0 во финалната серија.
Бешикташ беше домаќин на четвртиот меч и на нешто повеќе од две минути до крајот водеше со 79:65. Сепак ниту 14 поени предност во финишот не беа доволни да се порази европскиот шампион.
Предводени од Богдан Богдановиќ, Фенербахче натпреварот го одведе во продолжение, а потоа во дополнителните пет минути избори и победа за осма шампионска титула во националното првенство на Турција.
За најкорисен кошаркар (МВП) во финалната серија беше прогласен Богдановиќ.