Червар: Се потсмеваме со Македонија, а тие имаат европски шампион во ракомет и во август им доаѓаат Реал и Манчестер

Од:

Поранешниот селектор на македонската ракометна репрезетација и тренер на Металург во интервју за хрватските медиуми ја коментираше победата на Вардар во Лигата на Шампионите и ситуацијата со спортот во Македонија и Хрватска.

– Вардар направи извондредна работа. Иако Барселона е во благ пад, не е мала работа да се победи таква екипа. Но ова што го направија во финалето е нешто чудесно. ПСЖ е на некој начин репрезентација на светот. Ги имаат најдобрите играчи, далеку најголем буџет и тоа не им беше доволно. Воодушевен сум, а особено ми е мило поради трите хрватски репрезентативци. Исто така, овој успех на Вардар на некој начин е и успех на Металург бидејќи тука се Циндиќ, Борозан и Марсениќ кои што беа мои играчи, кои што јас ги открив. Меѓутоа, сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко, вложо големи пари во тимот, а во таа трка ние немавме никакви шанси. Сепак, навистина ми е мило бидејќи тие момци тоа го заслужија, а овој успех на Вардар во таква конкуренција е супер работа за ракометот како спорт. Се надевам дека и ние во Хрватска ќе сфатиме како функционираат работите, рече Лино Червар.

Тој додаде дека и покрај тоа што Македонија не е спортска, ниту ракометна велесила, шампионската титула на Вардар и финалето на Вардарки во женска конкуренција во Лигата на Шампионите не се случани, туку се плод на повеќегодишно системско вложување.

– Вардар има далеку најдобри услови од сите ракометни тимови во Европа. Инфраструктура, сали, комплекси за тренинг и сите попратни работи. Ние во Хрватска такви работи може само да сонуваме. Ние немаме ниту еден ракометен дом. ПСЖ, колку и да се богати, играат во сала што некогаш била складиште, а Вардар игра во храм на ракомет кој за останатите тимови е научна фантастика. Не е ова успех преку ноќ. Руските пари кои што се вложуваат веќе неколку години го поставија системот на вистински начин и ова што се случи во Келн е само резултат на паметно вложување, рече Червар.

Тој освен критиките кон инфраструктурата во Хрватска во ракометот, ги искритикува и хрватските фудбалски стадиони, споредувајќи ги со реновираната арена Филип 2.

– Во Хрватска немаме ни пристоен градски фудбалски стадион, а камо нешто повеќе. Нема она на кое што игра Динамо да го викаме сериозен стадион? На Пољуд му е потребна сериозна реконструкција, Рујевица е замислена како тренинг комплекс, а не како сериозен стадион. Единствено Пула има коректен стадион, но е малку поскромен, се разбира. Ако таква ни е состојбата во фудбалот кој што ни е најпопуларен спорт, што да очекуваме за ракометот? Тажно е тоа, рече Червар.

– Знаете ли каде Реал и Манчестер Јунајтед ќе го одиграат натпреварот од Супер купот? Во Скопје, каде што е далеку најмодерниот стадион на Балканот. Ние во главно со нив се потсмевами и за нас тие се политички нестабилна земја, изјавил поранешниот македонски ракометен селектор.

Според Червар, Вардар покажал дека само со ппаметно вложување и долгорочно планирање се можни успеси во спортот на европско ниво.

Би можело да ве интересира

Скандал и расистички испад на Червар: Овие црнци играат попаметно од вас

Предраг Петровиќ