Лазовски го соопшти списокот на кошаркарки за меѓународниот турнир во Скопје

Од:

Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија од утре (петок) па се до недела ќе одигра три натпревари против силни противници на првиот меѓународен пријателски турнир, чиј организатор е Македонската кошаркарска федерација (МКФ).

По апстиненција од активности во изминатите три години МКФ ги активира сениорките пријавувајќи ги за квалификациите за континенталното првенство. Во рамки на подготовките, МКФ организира турнир за проверка на силите. Селекторот Марјан Лазовски, заедно со својата десна рака Стојна Вангеловска го состави конечниот список на кошаркарки кои утре ќе излезат на паркетот и ќе ги бранат боите на Република Македонија.

Поради ситни повреди изоставени беа кошаркарките на Вардар, Муса и Јоловиќ.

На списокот на Лазовски се најдоа следните кошаркарки: Криси Гивенс, Јелена Антиќ, Ана Тантуровска, Ивана Кметовска, Ива Крстевска, Сара Анастасиеска, Драгана Петковска, Нена Трајчевска, Александра Стојановска, Ивона Пејковска, Софија Лазареска, Сандра Лазареска и Марина Неделчева.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ:

2 јуни (петок)
‪18:00‪ часот Босна и Херцеговина – Јапонија‬
20:00 часот Македонија – Бугарија‬

3 јуни (сабота)
‪17:00‪ часот Бугарија – Босна и Херцеговина‬
19:00 часот Јапонија – Македонија‬

4 јуни (недела)
‪18:00‪ часот Бугарија – Јапонија‬
20:00 часот Македонија – Босна и Херцеговина‬.

Би можело да ве интересира

Бадел 1862 со победа го потврди историскиот успех во Јадранската лига

Ана Ололовска

Четврта прволигашка победа во Б лигата за кошаркарките на „Патриот 2016“

Ана Ололовска

БиХ и го нанесе вториот пораз на македонската селекција во квалификациите за Евробаскет 2023

Ана Ололовска

Ашаданов: БиХ е силна репрезентација, но ќе се обидеме да изненадиме

Ана Ололовска

Гечевски: Меѓународното искуство да се искористи и во репрезентативните настапи

Ана Ололовска

Победа на јуниорките од Крива Паланка против ЖКК „Баскет кам”

Ана Ололовска