На тенискиот Фјучрс турнирот во Добој, кој е со награден фонд од 15.000 долари, во игра во двојки ќе има најмалку еден македонски претставник во финалето.
Томислав Јотовски заедно со Милан Радојковиќ од Србија во четвртиналето ги елиминираа вторите носители Адам и Џејсон Тејлор од Австралија, додека македонскиот тандем Стефан Мицов и Горазд Србјак беа подобри од Грега Бох (Словенија) и Стефан Паниќ (Србија).
Јотовски и Радојковиќ одиграа тежок меч против австралиската комбинација, кој по 104 минути борба го добија со 2-0 (7:5 и 7:6). Затоа пак Мицов и Србјак имаа далеку полесна задача па на своите противници во двата сета им препуштија само по еден гем (6:1 и 6:1).
Според ждрепката во полуфиналето Јотовски и Радојковиќ ќе се борат против Мицов и Србјак, а со тоа извесно е дека Македонија ќе има најмалку еден тенисер во финалето на овој турнир.
Потсетување дека Јотовски денеска одигра и меч во сингл конкуренција и во четвртфиналналето со 2-0 во сетови го совлада првиот носител Љубомир Челебиќ од Црна Гора, па за место во финалето ќе се бори против четвртиот носител Фабрицио Оранго од Италија.