Чешкиот производител на автомобили „Шкода“ соопшти дека од 1996 година, кога ја претстави првата генерација на моделот „Октавија“. досега низ светот вкупно продаде повеќе од пет милиони примероци од овој модел.
Јубилејниот примерок на „Октавија 3“ од производните ленти се „симна“ во фабриката Млада Болеслав, во Чешка.
Актуелната, трета, генерација се појави на крајот на 2012 година, а редизајнот беше претставен во ноември 2016 година, за да може производството на рестилизирааната верзија да почне во февруари 2017 година.
„Октавија“ е најпродаваниот модел на „Шкода“, а моментално е достапна со пет бензински и четири дизел мотори, со запремнини од 1.0 до 2.0 литри и со распон на моќност од 86 кс (63 кW) до 184 кс (135 кW).
Во понудата, покрај тоа, е и спортскара „Октавија РС“ со 2.0 ТСИ бензинец од 230 кс (169 кв) , како и посилната варијанта „РС 245“ со исто толку коњски сили.
„Шкода Октавија“ се произведсува во верзии со пет врати, потоа како караван и во „крос“ верзија со ознаката „Скоут“.