Почна „Скопје Креатива 2017“

Од:

Вчеравечер во Младинскиот културен центар почна годинешново издание на Фестивалот на Креативни Индустрии – „Скопје Креатива“ кој ќе трае до 6 мај, сабота, 2017 година.

„Скопје креатива“ станува омилен урбан културен настан во градов на кој публиката повторно, и оваа година, ќе има можност за прв пат да ги види уникатните дизајнерски решенија на многубројни македонски компании и самостојни уметници, кои создаваат производи со исклучително квалитетна уметничка и естетска вредност, а од кои нашето општество има индустриски и економски бенефит.

Под мотото „Креирај, кокреирај!“ – Do Create! Co-create!. во текот на фестивалот ќе се одржат над 30 настани распоредени во три дена, осносно ќе се одржат изложби, работилници, предавања, работилници за деца, за средношколци, за дизајнери… Ќе има и гостувања на врвни светски дизјанерски имиња, кои ќе одржат работилници и предавања во рамки на програмата.

Организаторите на фестивалот при изборот на проекти во прв план ја ставиле оригиналноста и иновативноста на концептот со цел надминување на класичните поделби по области во уметноста, современ пристап во поврзување на нови технологии и дигитални медиуми во уметничкото творештво и други облици на креативно изразување, промоција и активности за подигнување на свеста за значењето на креативните индустрии, поттикнување на претприемничките и бизнис вештини на младите, уметниците и поединци во рамките на креативните индустрии…

Годинава имаме навистина импресивна листа на учесници: Изабела Новотни со Уметноста на кукленото мајсторство, Невена Тодоровска со Мулти-Фан-Акција, Драган Христов со Експериментална унисекс колекција, ХАЕМУС со Розалии – прослава за празникот на розите, Газменд Ајруловски со Виртоскоп, Вера Христовска со Разгледници од Македонија и многу други креативци.

Во ексклузивниот каталог што е подготвен за фестивалот, граѓаните ќе можат да прочитаат за секој од импресивните проекти што ќе бидат претставиме на неколку простори во Младинскиот културен центар.

„Скопје Креатива“ е проект под покровителство на Град Скопје, а во организација на ЈУ Конгресен Центар„ Александар Македонски“ – Скопје и претставува креативен настан кој позитивно влијае врз развој на креативниот сектор во земјава и регионот, како и бизнис заедницата.

За реализацијата на овој фестивал, Градот Скопје, од својот буџет за 2017 година, издвои средства во висина од 3 милиони денари.

Овој фестивал останува доследен на претходните изданија и ќе биде од отворен карактер и сите заинтересирани ќе можат да учествуваат во работиниците, а настаните се бесплатни.

Би можело да ве интересира

Почнува фестивалот „Скопје Креатива 2019“

Ана Ололовска

Фестивал „Скопје креатива 2018“ од 11 до 13 мај

Ана Ололовска

До 21 март отворен конкурсот за Скопје Креатива 2018

Ана Ололовска

Почнува „Скопје Креатива 2015“

Ана Ололовска