Македонија е на добар пат да воспостави систем за вклучување на лицата со хендикеп во општеството

Од:

Македонија е на добар пат да воспостави систем за целосно вклучување на лицата со хендикеп во општеството. Ова денеска го истакна Звонко Шаврески, претседател на Здружението на граѓани „Полио Плус – Движење против хендикеп” кој во Брисел учествува на годишниот состанок на Академската мрежа на експерти по прашањето на лицата со хендикеп (АНЕД), што е советодавно тело на Европската комисија.

Како еден од 25-те експерти и советници на Комисијата, Шаврески имаше и свој настап на темата за поддршка во спроведувањето на Конвенцијата на Обединетите нации и стратегијата на Европската унија за лицата со попреченост.

Во разговор со дописникот на МИА од Брисел, тој посочи дека оваа средба е за мониторинг на остварувањата на Конвенцијата на ОН за правата на лица со хендикеп која кај нас беше ратификувана на 5 декември минатата година.

Шаврески истакна дека ЕК ја советува за ситуацијата на земјите-кандидати при хармонизацијата на нивното законодавство согласно ЕУ-стратегијата 2020. Притоа, Шаврески посочи на денешната конференција во европската престолнина за проблемите во врска со вработувања со кои се соочуваат лицата со хендикеп во Македонија и соседните земји и мониторингот во овие земји, согласно членот 33 од Конвенцијата, со кој ќе треба да се воспостави трослоен систем на мониторинг.

– Македонија е на добар пат да ги имплементира европските стандарди. Пред две недели се формира владино кооординативно тело за имплементација на Конвенцијата, каде има членови од повеќе сектори и од невладините организации на лицата со хендикеп. Сега треба да се воспостави план како да се адаптираат законите. Јас имам надеж дека ќе се дојде до резултат, оти за една година ќе треба да доставиме извештај до Комитетот на Обединетите нации, изјави Шаврески по конференцијата.

Во 2005 година “Полио Плус” учествуваше во изработка на Конвенцијата на ОН во Њујорк, како дел од македонската мисија, при што успеа да внесе две интервенции во финалниот текст на конвенцијата.

Би можело да ве интересира

Лицата со хендикеп бараат пристапност до здравствените објекти, подобра едукација на лекарите и квалитетни ортопедски помагала

Ана Ололовска

Дебата „Состојбите и предизвиците во остварувањето на правото на здравствена заштита на лицата со хендикеп“

Ана Ололовска

Формиран Центар за вработување лица со хендикеп

Ана Ололовска

Конференција за социјално претприемништво за вработување лица со хендикеп

Наум Локоски

Родителите на деца со посебни потреби бараат итно решавање на проблемите со кои се соочуваат

Ана Ололовска

Преда плус: Ограничен пристапот до здравствени услуги за лицата со посебни потреби

Ана Ололовска