Ракометарките на ЖРК Вардар за првпат ќе играат во финалето на ВРХЛ (Женската регионална ракометна лига). Во полуфиналето „вардарки“ ја совлдаа екипата на Подравка со 29:16 (14:9).
ЖРК Вардар одлично го почна натпреварот и веднаш имаше водство од 4:0, па тренерот на хрватскиот првак Подравка, Горан Мрџен мораше да побара тајм аут. Водството на ЖРК Вардар постојано се зголемуваше, а во финишот на првиот дел Подравка сепак успеа да намали. Во финишот на дуелот, „вардарки“ стигнаа и до двоцифрена предност.
Најефикасни кај ЖРК Вардар беа Александра Лакрабере со 7 голови и Јованка Радичевиќ со 6.
ЖРК Вардар утре во финалето во СЦ „Јане Сандански“ од 18 часот ќе игра со победникот од второто полуфинале меѓу Будуќност и Крим што е во тек.